Реакција на СДСМ на прес-конференција на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 24 септември 2024
Додека СДСМ ги поддржуваше граѓаните во време на ковид кризата ДПМНЕ опструираше
Владата предводена од СДСМ не само што успешно менаџираше со здравствената криза предизвикана од Ковид – 19 туку успешно се справи и со економските последици кои ги предизвика.
СДСМ вистински ги поддржуваше граѓаните и компаниите. На почетокот на Ковид-19 кризата, веднаш одговоривме со директни мерки за поддршка на секое работно место и нарушен бизнис и спасивме над 120.000 работни места.
Со неколку пакети и директни мерки ефикасно и успешно реализиравме помош од над 550 милиони евра, директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор, а со дополнителните субвенции помошта за целата економија достигна 1,1 милијади евра или 10% од домашниот БДП.
Сите сегменти кои беа погодени од кризата беа опфатени.
А што правеше ВМРО-ДПМНЕ за време на Ковид кризата?
Седеше на страна и опструираше, спроведуваше блокада на помошта за граѓаните и компаниите во македонското Собрание. Ништо друго.
Дури не се ни срамат денеска од тоа. Па шест години ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше изградба на Клинички центар, а претходно десет години ја лажеа јавноста дека ќе го изградат.
Зад таа лага со години сведочеше оградената парцела со лимени тараби.
Не поминуваат овие лаги на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ
________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива