• недела, 22 декември 2024

Али Ахмети: Изборите се решение

Али Ахмети: Изборите се решение

Скопје, 5 ноември 2024

Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими турскиот Амбасадор  Фатих Улусој. 

Ахмети и Амбасадорот Улусој разговараа за многу прашања во земјата и регионот, како што се евроинтеграциите на земјата, билатералните односи меѓу нашите две земји, стратешкото партнерство со Република Турција, легитимитетот, ситуацијата во Северна Македонија итн. 

Ахмети го информирал амбасадорот Улусој дека ДУИ воопшто не се колеба од заложбите за интегрирање на земјата во Европската унија и ќе продолжи да дејствува за реализација на оваа цел.  

Исто така, посветени сме за градење на стратешко партнерство со Република Турција, која не поддржа без резерва за членство во НАТО и во Европската Унија. 

Што се однесува до Владата без етнички легитимитет која ги исклучи етничките претставници, г. Ахмети нагласува дека веднаш мора да престане непочитувањето на Охридскиот договор и омаловажувањето на заедниците во земјава. 

ДУИ смета дека најдобро решение за состојбата со тензичните меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и европската безперспективност, се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година. 

Затоа, го прифативме јавниот предизвик на г. Мицковски и ја поздравуваме подготвеноста на другите опозициски партии да се соочат со заеднички избори следната година.

ДУИ 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ДУИ

 

Остани поврзан