• четврток, 04 декември 2025

Во гајба за леб пронајдена кафеава прашкаста материја во „Затвор - Идризово“

Во гајба за леб пронајдена кафеава прашкаста материја во „Затвор - Идризово“

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Во гајба за леб била пронајдена кафеава прашкаста материја во „Затвор - Идризово“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 13:35 часот во СВР - Скопје од Казнено - поправната установа „Затвор - Идризово“ е пријавено дека околу 7:40 часот, при извршена контрола во ходник во затвореното одделение во установата, во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја, појаснија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан