• недела, 24 ноември 2024

Реакција на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија на соопштението на Левица за назначувањето на Јанески за директор на КПД Прилеп

Реакција на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија на соопштението на Левица за назначувањето на Јанески за директор на КПД Прилеп

Скопје, 25 јули 2024

Движењето ЗНАМ-За наша Македонија ја информира јавноста во врска со лажните вести продуцирани од Левица,  а во врска со назначувањето на г-дин Емил Јанески за Директор на КПД во Прилеп.

Против г-дин Емил Јанески, како поранешен директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп најодговорно тврдиме дека никогаш не е отворен
обвинителен акт за несовесно работење во службата, ниту пак е поведена некаква судска постапка.

Во периодот после 2020 година има поднесено пријава против него, но истата обвинителство во Прилеп ја одбива од причини што нема никаква
основа за постапување.

Едновремено сакаме да ја информираме јавноста дека г-дин Емил Јанески е еден потписниците на иницијативата за формирање на партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија и Претседател на здружението За нашите граѓани од Прилеп од 2022 година, второ здружение после Здружението За наше Куманово и сегашен Претседател на Општинската организација на Движење ЗНАМ-За наша Македонија во Прилеп.

Станува збор за исклучително чесен и стручен човек, кој со своето над 15 годишно искуство во МВР одделение за криминалистичка полиција ќе
придонесе за успешно раководење на КПД во Прилеп. При неговото назначување запазени се сите законски норми и критериуми.

Во оваа прилика би сакале да упатиме една препорака до Левица, да си го консултираат нивниот Претседател професор по право Апасиев, што е разликата од пријава и обвинителен акт и да се позанимаваат со неговите лични инвестиции во смисла на обнова на возниот парк.

Сектор за односи со јавност

Политичка партија Движење ЗНАМ - За наша Македонија!

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан