• сабота, 18 мај 2024

Расчистени тешки кражби во Кочани, одземеното вратено на сопствениците

Расчистени тешки кражби во Кочани, одземеното вратено на сопствениците

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Двајца малолетници од Кочани во полициска станица признале дека вчера извршиле две тешки кражби и една во обид. Украденото им е вратено на сопствениците, а против малолетниците ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

- По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани при СВР Штип расчистија две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ извршени на 29 јануари годинава на територијата на општина Кочани од бутик, автоперална и сендвичарница, од каде се одземени разни предмети и пари, соопштуваат од МВР.

Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, во полициска станица биле повикани двајца малолетници од Кочани. Во службен разговор тие ги признале кривичните дела.

- Украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, известуваат од полицијата. ир/са

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан