• вторник, 14 мај 2024

Рамос рекорд во Ла Лига по црвени картони

Рамос рекорд во Ла Лига по црвени картони

Мадрид, 27 ноември 2023 (МИА) – Фудбалерот на Севилја, Серхио Рамос беше исклучен во финишот на натпреварот од 14. коло од шпанското првенство со Реал Сосиедад (1:2).

Дефанзивецот го доби 21-от црвен картон во Ла Лига и го „подобри“ својот рекорд по исклучувања.

Рамос играше во шпанското првенство од 2004 до 2021 година. По две сезони во ПСЖ, тој се врати во Ла Лига во септември 2023 година, потпишувајќи за Севилја. 

Триесет и седумгодишниот Шпанец има осум натпревари, асистенција и пет картони.

По 14 натпревари во Ла Лига, Реал Сосиедад е на 5. место со 25 бодови. Севилја е на 15. место со 12 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан