• четврток, 04 декември 2025

Ливерпул се согласи на трансферот на Леони

Ливерпул се согласи на трансферот на Леони

Парма, 14 август 2025 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Парма, Џовани Леони, ќе ја продолжи кариерата во Англија, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.

Според Романо, договорот за 18-годишниот Италијанец е веќе завршена работа. Трансферната сума ќе биде околу 35 милиони евра. 

Самиот фудбалер изрази желба да се пресели во англискиот клуб.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 18 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Леони играше на 17 натпревари на сите турнири и постигна еден гол. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан