• сабота, 06 декември 2025

Тотенхем со поддршка за Тел по расистичките навреди упатени кон него по завршувањето на Суперкупот

Тотенхем со поддршка за Тел по расистичките навреди упатени кон него по завршувањето на Суперкупот

Лондон, 14 август 2025 (МИА) - Тотенхем објави соопштение на својата веб-страница во поддршка на напаѓачот Матис Тел, кој беше подложен на расистички навреди на социјалните медиуми по поразот од ПСЖ (2:2, 3:4 на пенали) во Суперкупот на УЕФА.

Дваесетгодишниот Французин го промаши решавачкиот удар во пенал-серијата.

- Огорчени сме од расистичките навреди упатени кон Матис Тел на социјалните медиуми по вчерашниот пораз во Суперкупот на УЕФА. Матис покажа храброст, а оние кои го навредуваат не се ништо друго освен кукавици кои се кријат зад анонимни кориснички имиња и профили за да ги искажат своите одвратни ставови. Ќе соработуваме со властите и платформите на социјалните медиуми за да преземеме најсилни можни мерки против секое лице што можеме да го идентификуваме. 
Со тебе сме Матис, се вели во соопштението.

Тотенхем го купи Тел од Баерн во летото 2025 година. Напаѓачот претходно ја помина втората половина од сезоната 2024/25 на позајмица во клубот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан