• среда, 01 мај 2024

Рама: Албанија треба да изгради држава слична на другите членки на ЕУ за да стане нејзин дел

Рама: Албанија треба да изгради држава слична на другите членки на ЕУ за да стане нејзин дел

Тирана, 22 февруари 2024 (МИА) - Зборувајќи за интеграцијата на Албанија во Европската унија, премиерот Еди Рама, за Еуроњуз Албанија, изјавил дека „разговорите за членство се извонреден извор на знаење за градење држава, благодарение на ЕУ“.

Тој додаде дека Албанија треба да изгради држава слична на другите членки на ЕУ, со владеење на правото и демократија, за да стане дел од Унијата.

-Сега, овој трансфер на знаење мора да го искористиме најдобро што можеме за да изградиме држава слична на членките, демократска, функционална држава, со добра власт и владеење на правото. И тогаш ќе се обединиме, се надевам, рече Рама.

Од нејзиното основање во 1957 година, ЕУ се прошири седум пати, а Хрватска беше последната земја која стана членка на ЕУ, во 2013 година.

Албанија е една од деветте земји кои се обидуваат да се приклучат на ЕУ. За да стане членка на ЕУ, секоја земја-кандидат мора да исполни сет строги барања. Процесот на пристапување се состои од три главни фази за кои е потребно одобрение од сите 27 земји на ЕУ, наведува телевизијата.

Албанија аплицираше во ЕУ во април 2009 година и доби статус на земја кандидат пет години подоцна, во 2014 година, што го означи првиот чекор кон членството.

Во 2022 година Албанија премина во втората фаза и го започна преговарачкиот процес со Европската комисија. вт/сд/

 

Остани поврзан