• четврток, 02 мај 2024

Раководството на Баерн сака Зидан да го преземе тимот

Раководството на Баерн сака Зидан да го преземе тимот

Минхен, 19 февруари 2024 (МИА) - Раководството на Баерн Минхен го посакува Зинедин Зидан како можен наследник на Томас Тухел, тврди Флоријан Плетенберг. Баварците решија да ја завршат сезоната со актуелниот тренер, но имаат и резервни планови доколку ситуацијата во клубот се влоши уште повеќе.

Еден од потенцијалните наследници на Тухел и поранешен тренер на Реал Мадрид. Неговото искуство е високо ценето на „Алијанц Арената“. Французинот моментално е без тим и би можел веднаш да ги преземе Баварците.

Баерн загуби три меча по ред и има осум бода заостаток од лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен. Покрај тоа, тимот загуби со 0:1 на гостувањето кај Лацио во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Договорот на Томас Тухел е до летото 2025 година. Во оваа фаза се чини малку веројатно дека ќе го исполни.дс

Фото: Архива

Остани поврзан