• петок, 10 мај 2024

Пуштени во продажба билетите за детскиот музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“

Пуштени во продажба билетите за детскиот музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Почна продажбата на билети за детскиот музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“, кој ќе се одржи на 24 декември 2023 година во 13 часот во Арената „Борис Трајковски“.

Во „Петар Пан и Дедо Мраз“ ќе настапат децата од Балетското студио - Арт Балет. Организатор е Прагма продукција.

Сценариото и песните на Петар Пан, омилениот лик од романот на Џејмс Метју Бари, ги напиша Ристо Самарџиев. 

Режијата и кореографијата се на Ирена Лозинска, а музиката е на Владимир Дојчиновски.

Организаторот потсетува дека по четири преполни сали на 31 март во Националната опера и балет во Скопје и по претставите во Штип, Струмица и Велес, ова ќе биде последниот детски музички спектал за годинава.

 Билети можат да се купат на продажни места на Розе Веро 2 и онлајн на  KUPIKARTA.COM. мд/са/

Фото: Прагма продукција

Остани поврзан