• сабота, 22 јуни 2024

Путин: Прекин на огнот и мировни преговори веднаш откако Украина ќе ги повлече војниците и прекине кандидатурата за НАТО

Путин: Прекин на огнот и мировни преговори веднаш откако Украина ќе ги повлече војниците и прекине кандидатурата за НАТО

Москва, 14 јуни 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе го прекине огнот и ќе почне „веднаш“ мировни преговори доколку Украина ги повлече трупите од четири региони и се откаже од кандидатурата за членство во НАТО.

„Штом Киев ќе каже дека е подготвен да го стори тоа и ќе започне навистина да ги повлекува војниците и официјално се откаже од плановите за влез во НАТО, ние веднаш, буквално во истиот момент, ќе го прекинеме огнот и ќе почнеме разговори“, рече Путин на состанокот со руските дипломати во Москва. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан