• четврток, 21 ноември 2024

АФД планира создавање сопствена пратеничка група во Европарламентот  

АФД планира создавање сопствена пратеничка група во Европарламентот  

Брисел, 22 јуни 2024 (МИА) - Германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) соопшти дека се откажала од идејата да бара повторно членство во групацијата Идентитет и демократија (ИД), предводена на францускиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен и наместо тоа ќе се насочи кон создавање сопствена парламентарна група во Европскиот парламент. 

Директен повод за исклучување на АФД од ИД, неколку недели пред јунските Европски избори, беше изјавата на еден од нејзините водечки кандидати Максимилијан Кра во текот на изборната кампања дека сите припадници на нацистичката Ес-Ес формација во Втората светска војна не треба по автоматизам да се сметаат за воени злосторници. На ова му претходеа и обвинувањата против истакнати членови на АФД за поврзаност руските тајни служби.   

Еден ден по изборите за Европскиот парламент, АФД реши да го исклучи Кра од партијата, како дел од планот одново да пристапи кон екстремно десничарската група Идентитет и демократија (ИД).  

Според извори во АФД, партијата првично сакала одново да се приклучи кон ИД, како дел од стратегијата за создавање моќен сојуз на екстремната десница, но и поради тоа што формирањето нова група со помали партии „не изгледала привлечна“. Сепак, откако минатата недела раководството на ИД се изјасни против повторен прием на АФД, партијата почнала „активно да работи“ на формирање сопствена екстремно десничарска група, за што веќе преговара со европратеници од други земји членки на ЕУ. 

Главна причина за раздорот е идејата промовирана од некои членови на АФД за „демиграција“, односно за депортација на германските граѓани со мигрантско потекло, на што се противи РН на Марин Л

Пратеничка група во Европскиот парламент може да формираат најмалку 23 пратеници, кои мора да доаѓаат од најмалку една четвртина од земјите членки на ЕУ или во сегашниот случај од најмалку седум. 

Истите извори од АФД додаваат дека потенцијалните партнери се бараат меѓу деветте екстремно десничарски партии потписнички на „Софиската декларација“, што ја иницираше бугарската партија Преродба, и во која се предлагаат мировни преговори за прекин на војната во Украина и „запирање на неодговорната бирократија“ на ЕУ. 

Како можни кандидати за членови на новата група предводена од АФД, покрај Преродба, се посочуваат и грчкото Демократско патриотско движење „Победа“ (НИКИ), партијата Се.О.Се. Романија (СОС), словачкото Движење Република (ХР), полската коалиција Конфедерација за слобода и независност или нејзината членка Народно движење (РН), унгарското Движење Наша татковина (МХМ) и шпанската партија Забавата заврши (САЛФ). Ниту една од овие партии засега не е членка на некоја групација, иако дел од нив најавија планови за приклучување кон ИД. 

Кон новата групација на АФД би можела да се приклучи и француската европратеничка Сара Кнафо од националистичката и десно популистичка партија Повторно освојување (Р!), која за разлика од нејзините сопартијци одби да пристапи кон пратеничката група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР). 

Пред Комитетот за вработување и социјални прашања на ЕП приоритетите ќе ги презентираат министрите за труд и социјална економија Јоланда Дијаз, за инклузија, социјална заштита и миграција Хоз

Милан Ухриј од словачкото Движење Република изјави дека партијата е во контакт со „сите релевантни десничарски политички партии“. - Дискусиите се во тек. Ќе видиме во следните неколку дена, изјави Ухриј. 

Извори од АФД најавуваат дека формирањето на нејзината пратеничка група би можело да биде објавено веќе на почетокот на претстојнава недела. 

Но, од друга страна, европратеничка на полската Конфедерацијата, Ана Брилка, смета дека и „покрај желбата и напорите“ на АФД и некои други партии, „малку е веројатно“ формирање на нова десничарска група во Европскиот парламент. Конфедерацијата, која има шест европратеници, покрај од АФД има понуди за приклучување и кон ИД и ЕЦР.  

Според извори во Европарламентот, дел од десничарските партии чекаат да видат дали ќе дојде до евентуално спојување на ИД и ЕЦР, која е предводена од Браќата на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони, па евентуално да се приклучат на ваквиот „моќен сојуз на десницата“.  

Сепак, здружувањето на сегашните две десничарски групации во голема мерка ќе зависи од одлуката на Мелони дали ќе го поддржи реизборот на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија, имајќи предвид дека ИД е категорично против нејзино останување на оваа функција. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан