• петок, 22 ноември 2024

Путин го очекува Вучиќ на следниот форум на БРИКС во Казан

Путин го очекува Вучиќ на следниот форум на БРИКС во Казан

Владивосток, 4 септември 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со српскиот вицепремиер Александар Вулин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека го очекува српскиот претседател Александар Вучиќ на форумот на БРИКС во Казан.

Вулин му ги пренел поздравите на претседателот Вучиќ на Путин со желба да остане силен и здрав, пренесува руска новинска агенција. Путин упати поздрав и до Вучиќ и изрази надеж дека наесен ќе дојде во Казан и ќе учествува во настаните на маргините на самитот на БРИКС.

Рускиот претседател изрази и надеж дека потпретседателот на српската влада ќе ги оцени можностите за соработка со рускиот Далечен Исток, но истакна и дека има благ пад на билатералната трговија меѓу Русија и Србија, нагласувајќи дека тоа е неопходно е да се разберат причините за ова.

„Веројатно, дојде време да се состане меѓувладината комисија, која не се состануваше долго време, најмалку две години“, рече рускиот претседател.

Тој потсети дека Русија игра значајна улога во снабдувањето на Србија со енергија навреме и под многу добри услови.

„Ќе разговараме и за тоа, има конкретни работи што треба да се решат, мислам дека нашите договори за снабдување со гас истекуваат во март 2025 година“, додаде рускиот лидер.

Источниот економски форум се одржува до 6 септември во кампусот на Федералниот универзитет на Далечниот Исток во Владивосток. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан