Маринакис: Владата со загриженост ги следи случувањата на Блискиот Исток
- Владата со загриженост ги следи случувањата за кои постои опасност од сериозна ескалација во регионот. Ги повикува страните да покажат воздржаност и да не продолжат со понатамошна ескалација што ќе предизвика поширока дестабилизација, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис по вонредниот состанок на владиниот совет за национална безбедност што попладнево го свика премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 13 јуни 2025 (МИА) – Владата со загриженост ги следи случувањата за кои постои опасност од сериозна ескалација во регионот. Ги повикува страните да покажат воздржаност и да не продолжат со понатамошна ескалација што ќе предизвика поширока дестабилизација, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис по вонредниот состанок на владиниот совет за национална безбедност што попладнево го свика премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
На состанокот, според Маринакис биле оценети последните случувања на Блискиот Исток, шефот на грчката дипломатија информирал за ситуацијата и за помошта за грчките граѓани кои се во Израел и Иран.
- Цврстиот став на Грција е дека решенијата треба да се бараат преку дипломатија. Грција ќе продолжи да работи во оваа насока со партнерите и сојузниците во корист на стабилноста и безбедноста во поширокиот регион, соопшти портпаролот на грчката Влада. ср/ссм/