• петок, 05 јули 2024

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Меси веднаш по Светското првенство

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Меси веднаш по Светското првенство

Париз, 17 декември 2022 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси ќе го продолжи договорот со клубот, соопшти новинарот Фабрицио Романо.

Парискиот клуб ќе му понуди нов договор на 35-годишниот Аргентинец веднаш по завршувањето на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Актуелниот договор на Меси со ПСЖ е со важност до крајот на сезоната 2022/23. Сезонава тој одигра 19 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и 14 асистенции.

Аргентина утре (18 декември) со почеток во 16 часот ќе игра во финалето на Мундијалот 2022 против Аргентина. зс/

Остани поврзан