Професорот Мишко Ралев се приклучува на тимот на Орце Ѓорѓиевски
- Кандидатот за градоначaлник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави на Фејсбук дека архитектот и професор Мишко Ралев станува дел од неговиот тим.

Скопје, 1 август 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначaлник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави на Фејсбук дека архитектот и професор Мишко Ралев станува дел од неговиот тим.
- Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас. Академската заедница и научно-истражувачката дејност на реномираните професори секогаш ќе имаат отворена врата и заслужено место во визијата за напредно и современо Скопје. Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина, напиша Ѓорѓиевски.
Мишко Ралев е декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Тој беше член на Извршниот одбор на СДСМ за време на лидерството на Димитар Ковачевски.
Ралев претходно се спомнуваше како можен кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ. дма/вј/
Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски