• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

19 септември 2025 

Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, придружен од претседателот на Собранието, Африм Гаши, и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ќе ја посети населбата Ченто. (Изјава за медиумите / 14:00)

Скопје - Министерот за јавна администрација Горан Минчев и амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер ќе потпишат меморандум за соработка. (Кабинет на министерот за јавна администрација / 9:00; изјави за медиумите по потпишување на меморандумот / влезен хол на МЈА)

Скопје - Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓорѓиевски, на прес-конференција ќе ја претстави програмата на ССКМ и нејзините следни активности. (Конференциска сала на ССКМ, 2 кат / 11:00

Скопје - Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ во соработка со Министерството за транспорт ќе презентира нов правилник за велосипедска инфраструктура. (Општина Гази Баба / 11:30; Изјава за медиуми на велосипедската патека пред х. „Континентал“ / 11:00

Битола Прес-конференција на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ (Офицерски дом / 11:00)

Скопје - Комеморација во чест на Илинденка Петрушева (1944–2025) – филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во НУ Кинотека на Македонија. (Киносала на Кинотека / 13:00

Скопје - Промоција на „Совршен поет“ - книга поезија од Игор Исаковски (1970-2014), по повод  55-годишнината од неговото раѓање.  (Кафе-книжарница „Буква“ / 20:00

Софија - Отворање на изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ. (Македонски културно-информативен центар во Софија / 18:30)

Скопје - Почнува 34. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“. (Школка - Градски парк / 19:00; Дефиле на учесниците на фестивалот од ДКЦ „Карпош“ / 18:30

Скопје - Отворање на тридневен регионален феминистички фестивал „Еден свет, една борба“. (Македонски народен театар / 19:00

Скопје - Отворање на самостојна изложба на цртежи „Синило“ и промоција на арт книга на Јелена Белиќ, во организација на Центарот за современи уметности Скопје. (Мобилна монтажна галерија во Парк на Франкофонија / 20:00

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан