• вторник, 01 октомври 2024

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Во организација на издавачката куќа „Макавеј“ и Културно информативниот центар – Скопје, со поддршка на Град Скопје, денеска ќе се одржи промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од поетот Митко Гогов.

Промотори на делото ќе бидат истакнатите македонски поети, есеисти и преведувачи Зоран Анчевски и Бранко Цветкоски.

На промоцијата што ќе се одржи во КИЦ-Скопје, во 19.19 часот, стихови од делото ќе чита Софија Насевска Трифуновска.

Изданието е поткрепено од Министерството за култура и туризам. вг/лв/

Фото: „Макавеј“

Остани поврзан