• недела, 22 декември 2024

Честитка од министерот за јавна администрација по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик

Честитка од министерот за јавна администрација по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик

Скопје, 21 декември 2024 (МИА) - Турскиот јазик е нераскинлив дел од нашето општество и културното наследство на Република Македонија, порачува министерот за јавна администрација, Горан Минчев во честитката по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.

На 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, го славиме богатството на нашата заедничка мултикултурна традиција и значењето на мајчиниот јазик во образованието и зачувувањето на идентитетот, порачува во честитката 

-Негувањето и промовирањето на наставата на турски јазик не само што ги зајакнува образовните процеси, туку придонесува и за поголемо разбирање и почитување меѓу сите заедници во нашата земја. На сите наставници, ученици и нивните семејства им го честитам овој значаен ден, со желби за успех, инспирација и напредок! Среќен 21 декември - Денот на наставата на турски јазик, се вели во честитката од министерот за јавна администрација Горан Минчев. аа/

Фото: Министерство за јавна администрација

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан