Променливо облачно со сончеви периоди, со пораст на дневната температура
- Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.

Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи по котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата.
Локални слаби врнежи претежно од дожд се очекуваат во петок. сст/дма/
фото МИА архива