Променливо облачно, магла по котлините и услови за слаб локален дожд
- Времето денеска ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Скопје, 9 декември 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура.
-Повремени врнежи од дожд, а на планините од слаб снег, ќе има во вторник, особено попладне и во вечерните часови, информира Управата за хидрометеоролошки работи. хс/лв/
Фото: МИА архива