• среда, 01 мај 2024

Производството во САД во март забележа раст по 16 месеци

Производството во САД во март забележа раст по 16 месеци

Вашингтон, 1 април 2024 (МИА) - Економската активност во производството на САД се зголеми во март во однос на февруари и по 16 месеци се врати на експанзија, односно раст на активноста, објави денеска Американскиот институт за управување со набавки.

Индексот на менаџери за набавка во САД се зголеми во март од 47,8 поени во февруари на 50,3 поени, според веб-страницата Институтот. Пазарите очекуваа поскромно зголемување на американскиот индекс на менаџери за набавка на 48,4 поени. Индексот се користи како показател за економската активност во производството, а посакуваниот резултат над 50 поени укажува на експанзија, односно раст на активноста.

Резултатот под 50 поени сигнализира контракција, односно пад на активноста. Позитивни трендови на побарувачката се забележани во САД во март, бидејќи вредноста на индексот на нови нарачки се зголеми од 49,2 поени во февруари на 51,4 поени.

Индексот на нови извозни нарачки во март се задржа на високо ниво од 51,6 поени, исто како и во февруари, се вели во соопштението на Американскиот институт за управување со набавки. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан