• четврток, 09 мај 2024

Во Кенија евакуирани туристи поради поплави, 170 загинати од март

Во Кенија евакуирани туристи поради поплави, 170 загинати од март

Најроби, 1 мај 2024 (МИА) – Стотици туристи денеска се евакуирани од десетици хотели, апартмани и кампови откако пукнаа брани во националниот резерват Масаи Мара поради поплавите во кои загинаа повеќе од 170 луѓе низ Кенија од почетокот на сезоната на дождови во средината на март.

Црвениот крст на Кенија соопшти дека спасил 61 лице од резерватот, кој е популарна туристичка дестинација за годишната миграција на диви пчели од Серенгети во Танзанија.

Метеоролошкиот завод на Кенија предупреди дека се очекуваат нови дождови оваа недела, откако во понеделникот пукна брана во градот Маи Махи во округот Накуру, при што загинаа 48 луѓе, а над 80 се водат како исчезнати. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан