• четврток, 16 мај 2024

Нетанјаху и шефот на ЦИА разговарале за „паузирање“ за нападот врз Рафа

Нетанјаху и шефот на ЦИА разговарале за „паузирање“ за нападот врз Рафа

Ерусалим, 8 мај 2024 (МИА) - Израелски официјален претставник изјави дека директорот на ЦИА Бил Барнс и премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска разговарале за „можноста“ за прекин на воените операции во Рафа во Газа во замена за ослободување на заложниците на Хамас.

Нетанјаху и Барнс кој беше вклучен во посредничките напори во војната меѓу Израел и Хамас, се состанаа во Ерусалим како дел од најновите напори на Вашингтон да обезбеди примирје во Појасот Газа.

„Двајцата разговараа за можноста Израел да ја прекине операцијата во Рафа во замена за ослободување на заложниците“, изјави израелскиот функционер за француски медиуми под услов да остане анонимен.

Состанокот се случи откако преговорите за примирје продолжија во Каиро, откако Хамас во понеделникот објави дека го прифатил предлогот за прекин на огнот од посредниците Египет и Катар. зш/

Остани поврзан