• сабота, 11 мај 2024

Проекти за животна средина и туризмот приоритет за жителите од североистокот

Проекти за животна средина и туризмот приоритет за жителите од североистокот

Куманово, 30 ноември 2023 (МИА) - Граѓаните, претставници на здруженија, институции и установи од североисточниот регион одлучија дека приоритет за регионот се реализација на проекти за заштита на животна средина и туризмот, информираа денеска надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ се одржа втората сесија од форумот кој се спроведува во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза“.

- Согласно правилникот на Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој, потребно е сите проекти да поминат низ форумскиот процес, каде што граѓаните ги кажуваат проблемите, а подоцна се утврдуваат приоритетите и решенијата согласно средствата обезбедени од Бирото. Не се знае колку проекти ќе бидат одобрени, што пак зависи од средствата кои ќе се одобрат за регионот од бирото, изјави Владимир Павловски од Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Согласно искуствата од претходните години североистокот добива најголем процент, бидејќи е најмалку развиен и интенцијата е да се намали јазот помеѓу најразвиениот и најмалку развиениот регион.

Модераторот на сесијата, Гонца Јаковлевска вели дека на форумските сесии граѓаните се рашиваат за мали инфраструктурни подобрувања во општините кои имаат регионален ефект.

- Ова покажува дека сме на почетокот на развојот, ако се бараат вакви проекти патишта до туристички локалитети покажува дека има уште да се работи на рамномерниот развој. Во однос на искуствата од земјите од регионот, состојбата е слична со нас. Во западните земји, а и во некои од државите од поранешната држава работите се подобро организирани од поодамна. Ова е процес и не е нешто што се случува преку ноќ, потребни се средства и време,  изјави Јаковлевска.

Државата се обидува да го намали јазот помеѓу регионите доделувајќи повеќе средства на помалку развиените региони

Регионални форуми на заедницата се алатка за идентификација, приоретизирање и подготовка на проекти од Биро за регионален развој. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан