• среда, 11 декември 2024

Природните богатства на Вевчански извори ќе бидат претставени во Мултикултурниот центар во Вевчани

Природните богатства на Вевчански извори ќе бидат претставени во Мултикултурниот центар во Вевчани

Вевчани, 21 март 2024 (МИА) - „Патување низ природните богатства на Вевчански извори”е насловена трајната поставка што утре ќе биде отворена во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани.

Поставката е изработена од Еко-свест, како дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори”, финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

- Трајната поставка со својот едукативен карактер има цел да ги доближи до посетителите информациите за природните вредности на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански извори и планината Јабланица, соопшти Еко-свест.

На свеченото отворање најавено е обраќање на градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, извршната директорка на Еко-свест, Ана Чоловиќ Лешоска и Мирјам де Конинг, директорка на Prespa Ohrid Nature Trust. сс/цр

Фото: Мултикултурен центар „Коста Србакоски“ 

Остани поврзан