• четврток, 12 декември 2024

Државниот секретар во МВР Петрушевски на средба со делегација од Кралството Камбоџа

Државниот секретар во МВР Петрушевски на средба со делегација од Кралството Камбоџа

11 декември 2024

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа средба помеѓу  државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски и делегација од Кралството Камбоџа составена од пол. генерал Пор Фак, државен секретар и лидер на состанокот на високи функционери за транснационален криминал-Камбоџа, г-ѓа Виреак Вичеакта, заменик генерален секретар и постојан заменик-претседател на Секретаријатот на Состанокот на високи функционери за транснационален криминал-Камбоџа и други високи државни претставници.

На средбата се разговараше за општата соработка помеѓу двете Министерствата за внатрешни работи, како и за можноста за унапредување на истата преку склучување на билатерални договори за соработка.

Воедно, се разговараше и за унапредување на оперативната соработка преку засилување на напорите за борба против илегалната миграција и воспоставување на механизми за идентификација и безбедно и уредно враќање на лица кои не ги исполнуваат или повеќе не ги исполнуваат условите за влез, присуство или престој на териториите на двете земји.

Истовремено се спомена и меѓусебното учество во меѓународни иницијативи, како што е Меѓународната асоцијација на полициски академии (ИНТЕРПА), светска асоцијација за соработка за обука на полицијата меѓу полициските академии или еквивалентни институции.

Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан