• четврток, 12 декември 2024

Средба на генералната секретарка на Собранието, Маринa Димовска со швајцарската амбасадорка Вероник Улман

Средба на генералната секретарка на Собранието, Маринa Димовска со швајцарската амбасадорка Вероник Улман

11 декември 2024 

Генералната секретарка, Марина Димовска, денеска во Собранието оствари работна средба со Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија.

На почетокот беше потенцирана досегашната успешна соработка на Собранието со Амбасадата на Швајцарија во однос на многубројни проекти за јакнење на капацитетите на Собранието и собраниската служба и беше изразена меѓусебна поддршка за продолжување и интензивирање на целокупната соработка и во иднина.

На средбата се разговараше за тековните проекти и нивниот степен на реализација, како и за идните заеднички проекти кои треба да се планираат за следната година. Беше истакната потребата од заедничко утврдување на динамиката за спроведување на следните чекори за реализирање на приоритетите на Собранието.

Исто така, беа спомнати неколку важни процеси за Собранието меѓу кои, дигитализацијата на процесите, постојаното јакнење на надзорната улога на Собранието, заложбите за ефикасна и независна професионална собраниска служба, како и потребата за донесување на Етичкиот кодекс, а се потенцираше и важноста од неговото спроведување во пракса.

На крај, соговорниците изразија спремност и отвореност за редовни средби во иднина, за координација и утврдување на тековните состојби, со цел подобра организациска поставеност и поголема ефикасност во спроведување на заедничките проекти.

Собрание на РСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан