• четврток, 02 мај 2024

Приведен маж од Дебар поради уцена и тешка кражба, одреден му е притвор

Приведен маж од Дебар поради уцена и тешка кражба, одреден му е притвор

Скопје, 8 април 2024 (МИА) - Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „тешка кражба“, ОВР Дебар поднело кривична пријава против К.Т.(31) од Дебар, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија денеска од МВР.

- На 03.04.2024, по упатени закани и уцени кон 33-годишна жена од Дебар, пријавениот го добил безбедносниот код од нејзиниот дом и откако влегол, одзел повеќе златни и други вредни предмети и пари во различни валути и апоени со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 40.000 евра, појаснуваат од МВР. цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан