• вторник, 14 мај 2024

Приведен крадец од Куманово осуден на три и пол години казна затвор

Приведен крадец од Куманово осуден на три и пол години казна затвор
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Во Куманово денеска во 14.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.А.(32) од Куманово. Тој бил баран со централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување казна затвор од две години, а бил осуден на затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Како што информираа од МВР, лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната. цр/

Остани поврзан