• четврток, 05 декември 2024

Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од две години  

Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од две години  

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Во близина на село Крупиште, општина Карбинци, синоќа околу 20.30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги со полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Г.Т.(38) од село Долни Балван, општина Карбинци.

Како што соопштија денеска од МВР, тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 259 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување една година и еден месец од казната.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан