• четврток, 16 мај 2024

Приведено лице од гостиварско поради бесправна сеча на дрва

Приведено лице од гостиварско поради бесправна сеча на дрва

Скопје, 9 септември 2023 (МИА) - Приведен е 57-годишен гостиварец, кој од полицијата бил затекнат како бесправно сече огревно дрво.

Од МВР информираат дека вчера, во 08:20 часот во село Орќуше, гостиварско, полициски службеници од Полициска станица Гостивар го лишиле од слобода Н.О.(57) од истото село.

-Тој околу 07:30 часот во шума во атар на с. Орќуше бил затекнат како врши бесправна сеча на огревно дрво. Кај пријавениот биле пронајдени и одземени исечените огревни дрва и алатот со кој ја вршел сечата, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ир/дма/

 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан