• вторник, 21 мај 2024

Приведени крадци во Битола, одземеното вратено на сопствениците 

Приведени крадци во Битола, одземеното вратено на сопствениците 

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола поради сомнение за извршено кривично дело „дрска кражба“, вчера во Битола го лишиле од слобода битолчанецот Б.В.(24). Имено, Б.В. се сомничи дека одзел ранец во кој имало лични документи и пари.

Како што соопшти денеска МВР, полициски службеници од СВР Битола поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“, го лишиле од слобода и Ѓ.М.(35) од Битола. Тој се сомничи дека од магацински простор на здравствена установа во Битола одзел повеќе средства за хигиена. 

Со двајцата биле извршени службени разговори, при што ги признале делата, а одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По документирање на настаните против двајцата ќе следуваат соодветни пријави. дма/бак/

Фото:МИА архива

Остани поврзан