Претставничкиот дом сака да го казни Бајден за запирање на испораката на оружје за Израел
- Предлог-законот беше одобрен синоќа со 224 гласа „за“ и 187 „против“, а доколку помине и во Сенатот, ќе го намали буџетот на Министерството за одбрана, Стејт департментот и Советот за национална безбедност доколку Бајден не ја испорача стопираната пратка.
Вашингтон, 17 мај 2024 (МИА) - Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон со кој ќе се санкционира администрацијата на претседателот Џо Бајден доколку продолжи да ја блокира испораката на оружје за Израел за војната во Газа.
Предлог-законот беше одобрен синоќа со 224 гласа „за“ и 187 „против“, а доколку помине и во Сенатот, ќе го намали буџетот на Министерството за одбрана, Стејт департментот и Советот за национална безбедност доколку Бајден не ја испорача стопираната пратка.
Законот, чиј текст ја осудува одлуката на Бајден да ја блокира испораката на бомби во Израел, беше поддржан од 16 членови на Демократската партија. сд/