• понеделник, 13 мај 2024

Претставници на Израел, Катар, САД и Египет на разговори во Доха за продолжување на примирјето

Претставници на Израел, Катар, САД и Египет на разговори во Доха за продолжување на примирјето

Доха, 28 ноември 2023 (МИА) - Директорите на израелската разузнавачка служба Мосад и американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ќе одржат средба со премиерот на Катар, Мохамед бин Абдулрахман бин Јашим Ал Тани, со цел „продолжат да го надградуваат напредокот“ постигнат со дводневното продолжување на примирјето Израел и Хамас.

На разговорите ќе учествува и египетска делегација, а целта на средбата е да се отвори следната фаза од потенцијалните преговори, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на свои извори.

Шефот на катарската дипломатија, Маџед Ал Ансари, претходно изјави дека неговата земја ќе се обиде да го продолжи примирјето, но дека преговорите со Тел Авив се најтешкиот дел. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан