• четврток, 02 мај 2024

Претставник на Хамас: Ставовите се премногу оддалечени за напредок во разговорите за прекин на огнот во Газа

Претставник на Хамас: Ставовите се премногу оддалечени за напредок во разговорите за прекин на огнот во Газа

Газа, 31 март 2024 (МИА) - Официјален претставник на палестинското движење Хамас денеска изјави дека позициите меѓу тоа движење и Израел во војната во Појасот Газа се уште се „премногу оддалечени“ за напредок во преговорите за прекин на огнот.

„Се сомневам дека ќе има некаков напредок во тие преговори, бидејќи позициите се премногу оддалечени“, изјави неименуван претставник на Хамас за АФП, пренесува Бета.

Израелскиот премиер Бенјамин „Нетанјаху е несериозен и незаинтересиран, а американската администрација не врши вистински притисок“, додаде функционерот.

Претходно денеска беше објавено дека Хамас се уште нема донесено одлука за испраќање делегација на преговорите во Доха или Каиро, каде се прават обиди за договорање прекин на огнот во војната во Газа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан