• недела, 12 мај 2024

Претседателот на ИНТЕРПОЛ упати честитка по повод 32 годишнината од независноста на Македонија

Претседателот на ИНТЕРПОЛ упати честитка по повод 32 годишнината од независноста на Македонија

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - Претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ел-Рајси, упати честитка до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и граѓаните на државава по повод 32 годишнината од независноста, како и лична поддршка до Спасовски во идните подвизи. 

- Ми претставува задоволство да ви изразам вам и на вашата Влада, како и полиција и граѓаните на Република Северна Македонија, топли поздрави и честитки по повод 32 годишнината по повод независноста на Северна Македонија. Ја ценам вашата посветеност во соработката со ИНТЕРПОЛ, како вреден член на Организацијата од 1993 година, што беше демонстрирано со активна улога во операциите, учествувајќи во тренинзите на ИНТЕРПОЛ и користејќи ги датабазите на ИНТЕРПОЛ, стои во писмото од Насер Ел-Рајси. 

Тој дополнува дека граѓаните на Република Северна Македонија и нивната силна посветеност на вредностите и целите на ИНТЕРПОЛ се вредни ресурси за нив и очекува соработката да продолжи. ар/ев/

ФОТО/МИА архива 

Остани поврзан