• сабота, 27 јули 2024

Претрес во Струмица, приведен дилер

Претрес во Струмица, приведен дилер

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - На Граничен премин Богородица вчера во 16.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода З.Ј.(45) од Струмица, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Истиот ден, врз основа на наредба на судија од Основен суд Струмица, соопштија денеска од МВР, е извршен претрес во неговиот дом во Струмица, при што се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.

- При претресот З.Ј. агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случаите против З.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави, појаснуваат од МВР. цр/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан