• сабота, 22 јуни 2024

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, во 19.10 часот, го лишиле од слобода С.Г.(46) од Охрид.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/ев/

Фото: МИА

 

Остани поврзан