• недела, 19 мај 2024

Одземени 3.000 пиротехнички средства во Виница

Одземени 3.000 пиротехнички средства во Виница

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Виница вчера го лишиле од слобода Ф.А.(19) од Виница, соопштија денеска од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 3.000 парчиња разновидни пиротехнички средства.

- Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението. цр/бак/

Фото: МВР

Остани поврзан