• понеделник, 20 мај 2024

Преставата „Син“ на Дино Мустафиќ вечер во Драмски театар

Преставата „Син“ на Дино Мустафиќ вечер во Драмски театар

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Преставата „Син“ на режисерот Дино Мустафиќ, работена по текстот „Син“ од трилогијата на Флоријан Зелер ќе се одржи вечерва на во Драмски театар Скопје, во рамките на фестивалот РУТА. 

Претставата е во изведба на Камерни театар 55 од Сараево и нејзината премиера беше во мај на матичната сцена на театарот.

Драматургот на претставата е Ведран Фајковиќ, сценограф и костимограф е Адиса Ватреш Селимовиќ, композитор е Ирена Поповиќ, асистент композитор е Никола Драговиќ, продуцент е Сенан Алихоџиќ, а асистент на продукција Скендер Башиќ.

Улогите ги толкуваат Адмир Гламочак, Давор Голубовиќ, Сабина Бамбур, Џана Пињо и Амар Селимовиќ.

Претставата раскажува приказна за семејството, за депресивниот тинејџер, растргнат меѓу разведените родители. Ликовите раскажуваат приказна за луѓето кои не прават ништо друго освен што се обидуваат да ги најдат вистинските зборови.

-Добрата претстава, верувам, е претставата по која имате потреба да разговарате, да поставувате прашања, да анализирате и да дискутирате. По оние претстави што се извонредни може и долго да се молчи, да се седи во тишина, исто како по молитва, медитација или голема загуба. „Син“ е токму такво парче уметност, кое нѐ повикува на долга тишина и молк, но и на простување, смеа и плач. Дино Мустафиќ е режисер кој знае дека театарот е простор (и време) во кое имате можност, и привилегија, да се ставите во туѓата кожа, да прифатите туѓите искуства да станат ваши. Простор за емпатија. Раскажувањето на приказната, и покрај оган, како и она покрај поспаното дете, се чини магично, а токму таква магија создава актерскиот ансамбл на Камерниот театар 55, во претставата „Син“,  вели за претставата драматургот Алмир Имширевиќ.бт/ев/

Фото/ Драмски театар

Остани поврзан