• сабота, 18 мај 2024

Пренџов: Пасивна блокада на законодавниот дом од владејачкото мнозинство

Пренџов: Пасивна блокада на законодавниот дом од владејачкото мнозинство
Скопје, 20 мај 2022  Почитувани, Во Собранието на Република Македонија, владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ заедно со претседателот Талат Џафери спороведуваат пасивна блокада на работењето на законодавниот дом. Имено, неколку недели наназад собранискиот сајт е во хаос и не функционира. На календарот за секојдневни активности на кој што има седници за комисии и пленарни седници недостасуваат материјалите кои што треба да бидат прикачени заедно со седниците, што е крајно недозволиво. Исто така, сајтот на е-парламент преку кој пратениците и собраниската служба имаат увид до пристигнати закони во Собранието и нивната собраниска процедура е нефункционален, така што се отежнува работата на пратениците и службата. Дополнително зачестени се деновите кога или Собранието нема струја или се исклучува интернет конекцијата со што се блокирани сите собраниски активности. Токму денес кога ја држам оваа прес конференција се случува да се гаси интернет конекцијата така што имавме потешкотии и да ја најавиме до медиумите. Очигледно е дека ниту се работи за некаква случајост, ниту за некакви технички проблеми. Ова е пасивна блокада на законодавниот дом од страна на владејачкото мнозинство. Почитувани граѓани, Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ најавивме дека нема да дозволиме да се носат закони кои се на штета на граѓаните, па очигледно власта сфати дека позитивни законски решенија и реформи не се способни да изготват па најлесно им беше на ваков начин да ја блокираат работата на Собранието. Во услови кога опозицијата активно ги блокира штетните закони во Собранието, а власта пасивно ги блокира сите закони ова само покажува дека предвремени парламентарни избори се единствено решение во овој момент. Изјава за медиуми на Љупчо Пренџов, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.    

Остани поврзан