Без вода дел од жителите на улицата „Виничка“
- Поради уличен дефект денеска од 11:15 часот без водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата „Виничка“.
Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Поради уличен дефект денеска од 11:15 часот без водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата „Виничка“.
Прекинот ќе трае до завршување на работните активности.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат и дека во 11 часот е саниран дефектот на улицата „Африм Житија 13а“. бак/
Фото: МИА архива