• петок, 05 декември 2025

Известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц на средби во македонското Собрание

Известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц на средби во македонското Собрание

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент, Томас Вајц денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Вајц ќе оствари средба со раководството на коалицијата „Влен“, а ќе се сретне и со Иванка Василевска, копретседавачка на МПК - РСМ и ЕУ и со лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Австрискиот европратеник во октомври лани беше именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија.

Тој доаѓа на местото на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој ја извршуваше оваа функција. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан