• петок, 14 јуни 2024

Прекинато водоснабдување за корисниците од неколку улици во Кисела Вода

Прекинато водоснабдување за корисниците од неколку улици во Кисела Вода

Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - Прекинато водоснабдување  денеска од 8.30 часот ќе имаат корисниците од  улиците „Иван Козаров“, „Киро Крстевски“, „Боте Боцевски“, „Марко Цепенков“, „Вера Јоциќ“ и „Божидар Аџија“ во Кисела Вода  поради изведување водоводен приклучок ф-200мм на ул. „Иван Козаров“ 6, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Во останатиот дел од населбата, односно во објектите во близина на наведените улици, водоснабдувањето ќе биде со намален притисок.

Прекинот ќе трае до завршување со работните активности, информира претпријатието. хс/мд/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан