• четврток, 14 ноември 2024

Презентација на инфраструктурната поддршка за унапредување на здравствените услуги во „Св. Еразмо“ и ЈЗУ Кардиологија „Св. Стефан“ - Охрид

Презентација на инфраструктурната поддршка за унапредување на здравствените услуги во „Св. Еразмо“ и ЈЗУ Кардиологија „Св. Стефан“ - Охрид

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Во организација на Министерството за локална самоуправа и Општина Охрид денеска ќе бидат презентирани  резултатите на инфраструктурната поддршка за унапредување на здравствените услуги и здравствениот туризам.

Презентацијата го опфаќа опремувањето на современиот центар за физикална терапија во болницата „Св.Еразмо“ и реконструкцијата во ЈЗУ Кардиологија „Св. Стефан“ - Охрид, достигнувања овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.

На настанот е најавено присуство на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, директорите на установите, д-р Харалампие Шокароски и д-р Билјана Теговска, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, и директорот на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба. хс/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан