• петок, 17 мај 2024

Презентација на извештаи за состојбите во психијатриските болници и казнено-поправните установи во земјава (во живо)

Презентација на извештаи за состојбите во психијатриските болници и казнено-поправните установи во земјава  (во живо)

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) - Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) организираат завршен настан на проектот „Борба против тортурата и нехуман третман”, поддржан од Европската унија.

Пред присутните ќе бидат презентирани наодите на извештаите изработени во рамки на проектот: Сеопфатен извештај за влијанието на реформите во пенетенцијарниот систем, Извештај за состојбите и условите во психијатриските болници и установи за социјална заштита -посети во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје, ЈЗУ Психијатриска болница Негорци, Психијатриска болница Демир Хисар, Специјален завод Демир Капија во период од октомври до ноември 2023 година, како и Извештај за состојбите и условите во казнено поправните установи во 2023 година - според последователните посети во КПД Идризово, КПД Штип, КПД Прилеп и Затвор Куманово, реализирани во периодот мај – јуни 2023 година.

 

Остани поврзан