• петок, 05 декември 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

Вашингтон, 18 август 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со европските лидери присутни во Вашингтон денеска, пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Европската комисија.

Тоа ќе биде „подготвителен состанок“ што ќе се одржи пред средбата со американскиот претседател во Белата куќа, соопшти Европската комисија.

Зеленски рече дека Русија не треба да биде наградена за нејзината инвазија на Украина.

-(Рускиот претседател Владимир) Путин ќе изврши убиства за да го одржи притисокот врз Украина и Европа и да ги понижи дипломатските напори, напиша Зеленски на Фејсбук, додавајќи дека ја повикува Русија да ја прекине војната што ја започна.

Неколку европски лидери ќе бидат присутни во Вашингтон за да ја поддржат позицијата на Киев, откако Трамп ја повика Украина да прифати отстапки по самитот со Путин во Алјаска во петокот. Самитот не успеа да постигне договор за прекин на огнот во Украина.

На состанокот со Зеленски се очекува да присуствуваат францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџија Мелони, британскиот премиер Кир Стармер, финскиот претседател Александар Стаб, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. мс/

фото: ДПА архива

Остани поврзан