• недела, 19 мај 2024

По повод 24 Мај, делегација на СДСМ положи свежо цвеќе и оддаде почит на браќата Св.Кирил и Методиј

По повод 24 Мај, делегација на СДСМ положи свежо цвеќе и оддаде почит на браќата Св.Кирил и Методиј
Скопје, 24 мај 2022
 
Во чест на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј , основоположници на словенската писменост и култура, делегација на СДСМ положи свеќо цвеќе пред  споменикот на првите патрони на првиот државен универзитет во Скопје, пред платото на УКИМ.
Со полагањето цвеќе, делегацијата составена од портпаролот на СДСМ и пратеник, Дарко Каевски, пратеничката на СДСМ, Даниела Николова и членката на Извршиот одбор, Мелиса Ценовска - Серафимовска, оддаде почит и благодарност за просветителска мисија на браќата Кирил и Методиј меѓу словенските народи и нивниот исклучителнио цивилизациски придонес за Република Северна Македонија,  Европа и светот.
Нивната мисија води кон создавањето глаголицата, првата азбука, од која подоцна се создава кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан